ОН: Во воените зони 500 милиони луѓе страдаат од глад
Во воените зони во светот речиси 500 милиони луѓе страдаат од глад, предупредуваат Обединети нации во најновиот извештај и апелираат за постигнување на мир со цел да се заштитат луѓето.
Според извештајот, во осум земи во светот секое четврто лице нема доволно храна. Најтешка е ситуацијата во Јемен, каде 60 проценти од населението односно 17 милиони луѓе се соочуваат со акутен недостиг на храна, а потоа следи Јужен Судан, каде 45 отсто од луѓето немаат доволно храна.
- Ако не се прекинат војните тогаш се што поправаме дење ќе биде уништено ноќе. Без мир нема никакви изгледи да ја искорениме гладта, без оглед што друго да преземеме, истакна портпаролот на Светската програма за храна (WFP) Андре Ворниц.
Искоренување на гладта и неухранетоста до 2030 година е еден од 17 амбициозни глобални цели поставени од владите во 2015 година. Во 2016 година првпат по повеќе од десет години порасна бројот на гладни во светот на 815 милиони луѓе од 777 милиони воо 2015 година, пред се поради војните, климатските промени и економијата.
Според податоци на ОН, поголемиот број на гладни луѓе - 489 милиони се во земјите зафатени од војни
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа