-->
-->
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево
-->
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во градот поднесе кривична пријава против В.С. (51) поранешен градоначалник на општина Василево и В.М.(51) од Струмица.
Како што соопшти портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, првопријавениот како градоначалник, искористувајки ја својата службена положба со пречекорување на границите на своето овластување, постапил спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти на штета на буџетот на општина Василево.
Според Рендевска, В.С. извршил нелегална легализација, односно пренос на правото за легализација на објект на Ветеринарна станица Струмица изграден во 1959 година во село Василево. За него општината поднела барање за легализација без никаков правен однос и истото право го пренесува на второпријавеното правно лице со цел стекнување на одредена корист.
- На тој начин му овозможил на второпријавеното правно лице да се стекне со противправна имотна корист и во текот на 2015 година да изврши легализација на објект за кој поднел барање за легализација од 2011 година, а третопријавениот како управител на правното лице, подоцна, со договор за купопродажба го продаде на политичка партија, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Полицијата ги сомничи пријавените дека ги сториле кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“, а правното лице и одговорното лице во правното лице сториле кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека