Фановите го каменуваа автобусот на „кариоките“

Фудбалерите на Бразил по враќањето од Мундијалот во својата татковина се соочија со гневот на навивачите, кои сметаат дека нивните репрезентативци прерано го завршија настапот на светското првенство во Русија.
Имено, разочарани бразилски фанови го дочекаа автобусот кој ги пренесуваше фудбалерите и започнаа кон него да фрлаат камења и други предмети.
Бразил беше голем фаворит за освојување на титулата, но во четвртфиналето сепак беше елиминиран од Белгија.
Бразилците не можеа да се помират со раната елиминација, па целиот бес го истурија врз автобуост, а за среќа никој од играчите или стручниот штаб не се здоби со повреда.
Бразил и по ова првенство ќе остане земја со најмногу освоени светски титули бидејќи има вкупно пет, а репрезентациите што се веднаш по него Италија и Германија, со по четри освоени титули, не се пласираа на ова првенство, односно Германија испадна уште во групната фаза.
Ново на Сител
-

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето
-

ЦУК: Активни седум пожари на отворен простор, изгаснати 16 во изминатото деноноќие
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
-

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен
-

Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Зеленски: Украина се подготвува за натамошни преговори со претставници на претседателот Трамп
-

Лавров: НАТО во Арктикот е директна закана за Русија
-

Грција го подига „Ахиловиот штит“: Милијарди евра за моќен воздушен одбранбен систем
