Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе

Во поплавите што минатата недела ги погодија Непал и Кина бројот на жртвите се искачи над 900, а повеќе од 4.700 лица се водат како исчезнати, а сè уште траат спасувачките операции во погодените подрачја, изјави портпаролот на непалската армија, генерал Раџа Рам Басенбт.
Повеќе странски спасувачки тимови им помагаат на локалните спасувачи во потрага по 90 заробени работници во тунелите на хидроелектраната.
Според Агенцијата за вонредни ситуации на Непал во земјата евидентирани се 903 смртни случаи, додека 4.247 лица, од кои 592 странци, се водат како исчезнати.
Додека кинеските власти пријавија 16 загинати и 546 исчезнати лица, од кои 261 се странци.
На 26 август се урна карпа од под глечерите на Хималаите, што предизвика поплави. Според научниците уривањето на карпата и повлекувањето на дел од глечерот, било толку силно што е регистрирано како сеизмички потрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Карпите и стопената вода предизвикаа излевање на реките во Непал и Тибет, а надојдената вода однесе згради и мостови.
МИА
Ново на Сител
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
-

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен
-

Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Зеленски: Украина се подготвува за натамошни преговори со претставници на претседателот Трамп
-

Лавров: НАТО во Арктикот е директна закана за Русија
-

Грција го подига „Ахиловиот штит“: Милијарди евра за моќен воздушен одбранбен систем
-

Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
