Во Гевгелија почна одбележувањето на општинскиот празник
Општина Гевгелија денеска ќе почне со реализација на празничната програма за одбележување на 7 Ноември - Денот на ослободувањето на Гевгелија.
Прославата на општинскиот празник ќе почне вечер со отворање ликовна изложба на која ќе бидат претставени дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија и со традиционалната манифестација „Пееме за Гевгелија“.
Општина Гевгелија, која е покровител на сите празнични манифестации, информира дека поетско-музичката вечер „Пееме за Гевгелија“ во изведба на ученици од гевгелиската гимназија ќе се одржи четврти пат. Од претходните три манифестации се издадени и две збирки песни од поединци, а од годинашнава ќе биде издадена првата групна збирка поезија.
Празничната програма ќе продолжи утре со свеченото почнување на работите за изградба на сообраќајната инфраструктура на клучката од магистралниот пат кај Милци, со традиционалниот прием кај градоначалникот Иван Франгов и со одржување на ноќна атлетска трка.
Централната прослава ќе се одржи в сабота, на 7 ноември со положување цвеќе на спомен-обележјата од НОБ, а ќе заврши со изведба на стенд-ап комедијата од Бојан Велевски.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.