Поранешниот љубовник на принцезата Дијана ги продава нејзините писма
Поранешниот офицер на британската војска Џејмс Хјуит (57) кој пет години бил во тајна врска со принцезата Дијана, додека таа била во брак со принцот Чарлс (66), продава осум писма и 26 разгледници кои му ги испратила починатата принцеза.
Покојната принцеза од Велс на поранешниот офицер во писмата му напишала дека се чувствува празно додека не е со него, му испраќала подароци и договарала тајни средби, а сите писма ги завршувала со бакнежи.
- Ти благодарам за чорапите кои ми ги испрати за Божик. Поради тебе на лицето секогаш ја имам онаа блесава насмевка и повеќе не се ни обидувам да ја сокријам. Од темел ми го промени животот, му пишувала Дијана.
Хјуит го запознала во 1986 година кога го анажирала да ја научи да јава. Поранешниот офицер во 90-тите се фалеше дека поседува околу 60 писма. На Џејмс му пишувал и Вилијам, кој тогаш имал пет години. Тие писма весниците не сакаат да ги објават од почит кон принцот.
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс ја прекина неверојатната серија која траеше 20 години
-
ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти
-
Волкановски го врати УФЦ појасот и го собори рекордот во „перо“ категорија
-
Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
-
Муцунски со бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден