Литургија по повод Св.Наум Охридски во Делчево
Во чест на Св.Наум Охридски Чудотворец денес во крстилницата посветена на еден од основоположниците на македонска писменост и просвета, во Делчево се служеше утринска литургија.
Свештеникот Јован Џаџовски, кој ја одржа литургијата, рече дека овој празник е ден кога се слави исцелителот и просветител на македонскиот народ.
-Нашата Света Православна Црква денес го одбележува празникот посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец, средновековенсловенски научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета. Крстилницата Свети Наум Охридски Чудотворец, која е дел од големата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево е осветена во 2013 година и од тогаш до денес секоја година се служи литургија во чест на ученикот на сесловенските браќа, рече Џаџовски.
Со овој празник како што дополни Џаџовски, практично почнува празнувањето на Христовото раѓање – Божик.
-Утре на граѓаните кои ќе го посетат храмот „Успение на Пресвета Богородица“ ќе им бидат поделени Бадникови гранчиња, додека за прв пат во Делчево ќе се одржи и Бадникова поворка. Поворката од нашата црква ќе тргне од 10 часот и ќе се движи до параклисот „Свети Kлимент“ и пак враќање до старата црква, каде децата ке бидат пречекани и ќе им бидат поделени Божиќни подароци, информира Џаџовски.
Како што додаваат од делчевскиот храм, традиционално по повод Христовото раѓање – Божик ќе се одржи утринска божествена литурија.
Ново на Сител
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово