-->
-->
Бектеши ќе учествува на Првиот балкански форум во Солун
-->
Министерот за економија Крешник Бектеши утре и задутре ќе учествува на Првиот балкански форум за инфраструктура, развојни мрежи и за промоција на претприемништво и иновации, што се одржува во Солун, во организација на грчкото Министерство за Македонија и Тракија.
Форумот ќе го отвори заменик министерката за Македонија и Тракија, Елефтерија Хаѕигеоргиу, а вицепремиерот на грчката Влада, Јанис Драгасакис ќе говори на тема „Балканската соработка и ко-развој, можности и перспективи“.
Министерот Бектеши, како што соопштуваат од Министерство за економија, пред своите колеги ќе ги претстави иницијативите за зајакнување на економската соработка меѓу балканските земји и развојот на претприемништвото и иновациите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит
-
Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболените птици
-
СЗО: Египет е земја без маларија
-
Слот по победата над Челси: Најтешкиот натпревар досега, вложивме неверојатен напор
-
Почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
ПМФЛ: Силекс го победи актуелниот шампион, Вардар поразен и од Беса
-
Алаба не се откажува, почна да трча без болки во коленото
-
Шпанската крајбрежна стража спасила над 230 мигранти кај Канарските острови