Граничните полицајци на готовс, уапсени четворица странски државјани во еден ден
Вчера во 15.30 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го привеле К.И.(28) од Косово, кој управувал патничко возило „Ренџ Ровер“, поради сомнение дека возилото е фалсификувано. Возилото било одземено, а К.И. бил предаден во СВР Тетово за понатамошна постапка.
Синоќа во 22.00 часот на Граничен премин Табановце полициски службеници го привеле P.B.(45) од Република Србија, кој патувал со возило „Фолксваген транспортер“ со српска национална ознака, поради тоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата за сторено кривично дело „разбојништво“ на територијата на СВР Битола. Лицето било предадено во СВР Битола за понатамошна постапка.
вчера во 12.10 часoт на Граничен премин „Деве Баир“ бил задржан турскиот државјанин Ф.Ј.(62), кој управувал товарно возило „Ман“ со турска национална ознака, бидејќи при вршење редовна контрола било утврдено дека меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за наведеното возило била фалсификувана. Тој бил предаден во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Само 10 минути подоцна, во 12.20 часoт на Граничен премин „Деве Баир“ бил задржан бугарскиот државјанин Р.Е.А.(59), кој управувал товарно возило „Ман“ со турска национална ознака, бидејќи при вршење редовна контрола било утврдено дека меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за наведеното возило била фалсификувана. Тој бил предаден во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово
-
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети
-
Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска
-
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград