Уапсени тројца скопски дилери на дрога
Синоќа во 23.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на улица „Женевска“ ги лишиле од слобода Л.Ј.(21) и Д.М.(22), двете од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. Тие биле приведени во Полициската станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Подоцна во 01.20 часот полициски службеници од СВР Скопје на улица „Љубљанска“ го лишиле од слобода Б.М.(39) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Карпош и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претходно во 21.40 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Б.О.(24) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети