Османи: Лојане – Миратовац станува симбол за напредок во регионалната соработка

Да се унапреди иницијативата за нов граничен премин со Србија кај месностите Лојане и Миратовац на повисоко ниво и наместо локален да се направи целосно меѓународен граничен премин.
Таква заложба најавија на денешната средба во Скопје вицепремиерот за европски прашања и координатор на проектот Бујар Османи и државниот секретар при српското Министерство за внатрешни работи и претседател на Комисијата за гранични премини на Србија, Милослав Миличковиќ.

Османи и Миличковиќ оценија дека новиот премин ќе претставува бенефит не само за граѓаните на пограничните општини, туку и за сите граѓани на двете земји преку забрзување и олеснување на меѓусебна комуникација.
Според Османи, Миратовац-Лојане станува симбол за напредок во регионалната соработка.

Тој информира дека е во финална фаза обезбедувањето на првите 2,5 милиони евра донација од норвешката Влада во рамки на нордискиот проект УНОПС за реализацијата на овој проект.
– Ќе ве потсетам дека балканските народи се упатени едни на други и само со заедничка работа целиот наш регион може да стане регион на мир и просперитет. Во таа смислам многу е важно отстранувањето на препреките на слободниот проток на стоката, капиталот, услугите и луѓето, истакна Миличковиќ.
Тој оцени дека договорот што беше склучен меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, за воспоставување на таканаречениот „Мал Шенген“ драстично ќе ја зголеми атрактивноста на сите три држави за директните странски инвестиции.
– Уверен сум дека за помалку од две години ќе можеме да видиме значаен процентуален раст во нашите земји бидејќи заедно ќе креираме подобра работна средина. „Мал шенген“ ќе доведе и до значајно зголемување на бројот на туристи во сите три земји. Во духот на „малиот шенген“ и олеснувањето на протокот на стока, капитал, услуги и лица, како и со цел олеснување на животот на локалното население, планираме да го отвориме овој граничен премин и да го услогласиме текстот кој ќе го усвоиме до крај на оваа година, посочи Миличковиќ.
Ново на Сител
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
-

Уапсена директорката на „Комуналец“ Гостивар, приведени и двајца директори
-

Клековски: Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за случувањата во Гостивар
