ДУИ денеска ќе го одржи четвртиот конгрес
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе го одржи четвртиот партиски конгрес.
– По изборот на речиси 100 проценти целосно нови претседатели на сите наши ограноци и по изборот на над 90 проценти на нови претседатели на сите наши подограноци, како и целосно нов избор на форумите на жените и на младите, Демократската унија за интеграција ќе го организира својот четврт изборен партиски конгрес. Убедени сме дека резултатот од Конгресот ќе придонесе врз градење на одржливи политики кои што ќе бидат од корист на сите граѓани на нашата земја, се наведува во соопштението од партијата.
Дел од медиумите објавија дека на конгресот се очекува да биде реизбран лидерот на партијата Али Ахмети и да биде востановена нова функција – секретар за еднакви можности. Освен ова, како што пишуваат медиумите, педвидено е да се изберат неколку нови тела на партијата како Национален совет, Конгрес на постојаноста и Партиска изборна комисија.
Ново на Сител
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети