ЕП ракомет 2020: Победа од два и повеќе гола разлика над Австрија не носи во следната фаза
По почетната победа над Украина и вчерашниот пораз од Чешка за македонските ракометари останува потешкиот пат за да стигнат до втората - главна фаза од Европското првенство. Најпрвин беа 60 минути голема борба со Украина и нивните 7 на 6, за потоа да дојде доброто прво полувреме со Чешка, лошиот почеток на вториот дел. Со една победа и еден пораз можеме да жалиме што ние не казнувавме, а противникот го направи тоа пред се Чешка.
Сепак нашите ракометари се вратија и од минус четири негатива во 51.минута на дуелот со Чесоте, но пак подзастанаа во последните минути кога затаи реализацијата,а во целиот натпревар македонските голмани имаа заедно 4 одбрани наспроти 14 на противничкиот Галиа.
Стручниот штаб и ракометарите секако имаа долга вечер и можност низ анализа да се увидат грешките: дали ротациите биле вистинските и во вистинско време, беше ли потребно да се менува Митревски на голот кој имаше блесква партија со Украина, можеше ли Стоилов во финишот од вториот дел да игра барем во нападот како на пример со Украина, особено што Пешевски и Никола Маркоски имаа по едно промашување. Многу отворени прашања, како и тоа можеше ли младиот Мишевски да добие поголема минутажа,...
Сепак тоа сега најважно е добра подготовка за Австрија бидејќи со победа од два разлика и повеќе Македонија е сигурно во следната фаза или пак со нерешен резултат, а Украина потоа да ја победи Чешка. Дека се работи за изедначена група синоќа за тоа ни зборуваше и селекторот на Австрија Алеж Пајович, откако неговиот тим тим ја победи Украина со 34:30 напомена дека повторно нијанси ќе решаваат на последните два натпревара што се играат утре: Македонија - Австрија од 18:15 часот и Чешка - Украина во 20:30 часот.
Од Виена
Марјан Ников
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески