Спасовски очекува законот за ЈО да биде усвоен од Собранието
![]()
Премиерот Оливер Спасовски очекува Предлог законот за јавно обвинителство, за којшто е потребно двотретинско мнозинство да биде разгледан на пленарна седница и усвоен од Собранието. Порачува дека иако не е услов за европските перспективи на државата сепак е позитивен аргумент за пред членките на ЕУ за добивање датум за преговори. Се повеќе се расчистува, како што вели, маглата за тоа кои се поентите и зошто треба да се донесе.
– Неколкупати истакнав дека многу е важно за иднината на државата да се донесе Закон за ЈО. Иако тој не е услов за европските перспективи на државата, но е добар позитивен пример и аргумент со кој можеме да настапиме пред државите членки на ЕУ при добивање на датумот за почнување на преговорите. Мислам дека добро се развива и целата дебата околу законот за ЈО и како тече расправата, дали е тоа во Влада, дали е тоа во комисиите во Собранието, мислам дека се повеќе се расчистува маглата околу тоа кои се поентите и зошто треба да се донесе законот. Јас очекувам дека овој закон ќе се разгледа на пленарната седница и дека ќе биде усвоен од Собранието, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
