Новиот коронавирус циркулирал во Милано 26 дена пред да биде откриен првиот случај
Најмалку 160 лица во пошироката територија на Милано и 1.200 лица низ Ломбардија биле во контакт со Ковид-19 околу 26 јануари, неколку недели пред да се открие првиот случај на новиот коронавирус, покажа анализа на работна група од тој италијански регион.
Новиот коронавирус циркулирал во Милано кон крајот на јануари, односно 26 дена пред да биде откриен првиот позитивен случај во Кодоња, на 21 февруари, пишува италијанскиот весник Кориере дел Сера, повикувајќи се на резултатите од анализата на работната група од Ломбардија.
Регионалната анализа направена врз основа на појавата на симптомите покажа дека кон крајот на јануари вирусот почнал да се шири во Милано, првично помешан со симптоми на грип.
„Нулта денот“ се врти околу 26 јануари и голема е веројатноста тој ден само во Милано да имало 46 случаи позитивни на Ковид-19, а 543 во цела Ломбардија.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови