-->
-->
Во Хрватска 486 нови случаи на коронавирус, четири лица починаa
-->
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 486 нови случаи на коронавирус, а четири лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи е 2.662, а меѓу нив има и 382 пациенти на болничко лекување, од кои 29 на респиратор. Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 19.932 лица заразени со коронавирус, од кои 317 починале. Вкупно се опоравиле 16.953 лица, од кои 258 во последните 24 часа.
Во моментов има 12.424 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 353.526 лица, од кои 4.576 во последните 24 часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи