СЗО: Епидемијата ги наруши основните услуги за ментално здравје токму кога тие се најпотребни
Според истражувањето на Светската здравствена организација (СЗО) спроведено во 130 земји за време на пандемијата на коронавирус, повеќе од 60 проценти од земјите пријавиле прекин на услугите за ментално здравје за ранливите групи, 67 проценти од земјите доживеале нарушувања во советувањето и психотерапијата, а околу 30 проценти од земјите пријавиле прекин на пристапот до лекови за ментални и невролошки нарушувања.
Пандемијата ја зголемува побарувачката за услуги за третман на менталното здравје. Губење на човечки животи, изолација, загуба на приход и страв предизвикуваат состојби на ментална непријатност или ги влошуваат постојните. Многу луѓе може да се соочат со зголемена употреба на алкохол и дрога, несоница и вознемиреност. „Доброто ментално здравје е апсолутно клучно за целокупното здравје и благосостојба. Епидемијата на коронавирус ги наруши основните услуги за ментално здравје ширум светот токму кога тие се најпотребни“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.
На Светскиот ден на менталното здравје, како дел од кампањата „Движење за ментално здравје“, СЗО ја поканува глобалната заедница да учествува во „Големиот настан за ментално здравје“, најголемата промотивна кампања на Интернет досега, со која се бараат зголемени инвестиции во менталното здравје на сите нивоа.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
