-->
-->
Во Филаделфија уапсија лице кое планирало напад врз центар за броење гласови за изборите
-->
Едно лице е уапсено за наводно планирање напад врз центар за броење во Филаделфија, Пенсилванија.
Во полициското соопштение се наведува дека е пронајдено оружјето со кое бил планиран нападот, како и дека истрагата е во тек.
„Полицијата доби информации за групата, најверојатно семејство, кои возеле од Вирџинија за да го нападнат конгресниот центар“, јави Си-Ен-Ен.
Врз основа на пријавата што ја примиле вчера околу 22 часот по локално време, полицијата пронашла возило Хамер и оружје за кое се верува дека било подготвено за нападот. Претставникот на окружното обвинителство во Филаделфија, Џејн Рох, изјави дека обвинителството се уште не може да коментира за текот на истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Свечен прием за шампионите: Студенти на ФФОСЗ со светски и балкански медали во кик-бокс
-

Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ поради преполните контејнери во главниот град
-

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез
-

Удока казнет со 25.000 долари за критикување на судиите
-

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи
-

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп
-

Виртус ја прекина серијата на Партизан
-

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици и во „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“
