Втора фаза од олабавувањето на мерките на Кипар

Со отворање на основните училишта, продавниците, трговските центри, моловите, обложувалниците, музеите и археолошките локалитети, црквите, кината и театрите, од утрово започна втората фаза на укинувањето на рестрикциите на Кипар, по карантинот од 10 јануари годинава, јави дописничката на МИА од Атина.
Во училишните клупи се враќаат учениците од основните училишта и матурантите, а останатите средношколци ќе продолжат со онлајн настава.
За собирите во домовите, од денеска е дозволена посета на најмногу четири лица, додека пак црквите ќе бидат отворени за литургии со присуство на најмногу 50 верници и со придржување кон здравствените протоколи.
Кината и театрите на затворено, ќе работат со најмногу 50 посетители, а од денеска дозволени се и тренинзи на отворено во групи од најмногу пет лица, односно четворица спортисти и еден тренер.
Паралелно и понатаму во сила е полицискиот час од 21 до 5 часот наутро и задолжителното испраќање смс пораки за движење на граѓаните.
Министерот за здравство на Кипар Константинос Јоану на неговиот официјален Твитер профил, утрово напиша дека земјата со доверба и претпазливост влегува во нова фаза од укинувањето на рестриктивните мерки и „немаме луксуз да се вратиме назад“.
Минатиот понеделник започна постепеното олабавување на мерките со отворање на берберниците, фризерските и козметичките салони и зголемување од 25 на 50 отсто на бројот на вработени со физичко присуство во приватниот сектор.
Од почетокот на епидемијата, на Кипар се регистрирани вкупно 31.759 случаи на Ковид-19, а починаа 212 лица.
Ново на Сител
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
