Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На наплатната станица Петровец, во правец Скопје – Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје – Миладиновци поставени се знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежни активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила.
Ново на Сител
-
Пронајдено телото на 77-годишниот велешанец во близина на Штип
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители