Авганистанските сили убија над 380 талибански бунтовници
Војската во Авганистан ликвидира 385 талибански бунтовници во изминатите 24 часа, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
– Во изминатото деноноќие, 385 талибански терористи се убиени, а уште 210 се повредени во рамки на авганистанските воени операции, напиша Министерството на својот профил на Твитер. Вооружените сили на Авганистан спроведоа операции во 14 провинции, вклучувајќи ги Кандахар, Херат и Хелманд. Борбите во долгогодишниот конфликт во Авганистан се интензивираа од мај, кога странските сили ја започнаа последната фаза од повлекувањето, кое треба да заврши кон крајот на овој месец.
– Авганистан е на „опасна пресвртница“ бидејќи Талибанците продолжуваат со сеопфатната офанзива против владините сили низ целата земја, предупреди специјалната претставничка на ОН за Авганистан, Дебора Лајонс. Таа на состанокот на Советот за безбедност истакна дека „претстојат или вистински мировни преговори или трагично испреплетена серија кризи: се побрутален конфликт во комбинација со акутна хуманитарна криза и со повеќе кршење на човековите права“. Лајонс додаде дека сега имаат можност да ја покажат посветеноста на Советот за безбедност на ОН и на меѓународната заедница, и да спречат Авганистан да не западне во катастрофална ситуација.
– Таквата катастрофа би имала последици далеку надвор од границите на Авганистан, нагласи специјалната претставничка на ОН. Проценките на ОН укажуваат дека повеќе од 1.000 луѓе се убиени во изминатиот еден месец, додека Талибанците се обидуваат да заземат големи градови под контрола на Владата и ја преземаат одговорноста за серија напади во главниот град Кабул, вклучувајќи го и нападот врз авганистанскиот министер за одбрана.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
