Радев ја претстави новата привремена влада до изборите во ноември
Претседателот на Бугарија Румен Радев вчера на специјална церемонија ја претстави новата техничка влада.
Церемонијата на објавување на имињата во новата техничка влада започна со химната на Бугарија и во присуство на потпретседателката Илијана Јотова.
Актуелната техничка влада на Бугарија беше назначена од Радев на 12 мај, откако 45 – то Народно собрание не успеа да избере редовна влада по парламентарните избори на 4 април.
За првпат во новата политичка историја и по воведувањето на повеќепартискиот систем во Бугарија преодна влада ќе ја предаде власта на следната техничка влада. Ова доаѓа откако 46 -то Национално собрание не успеа да избере редовна влада по изборите на 11 јули. За помалку од седум месеци, бугарските граѓани ќе излезат на гласање за вторите предвремени и трети парламентарни избори оваа година и редовните претседателски избори на 14 ноември.
Радев веќе изјави дека составот на новата преодна влада е јасен.
Повеќето од привремените министри назначени од претседателот Румен Радев на 10 мај остануваат на функцијата, од кои тројца се сменети. Сегашната преодна влада остава двајца од најпопуларните министри – за економија и финансии – Кирил Петков и Асен Василев, од кои се очекува да формираат своја партија, која ќе учествува во гласањето за Националното собрание на предвремените парламентарни и претседателски избори на 14 ноември.
Третото ново име е на министерот за транспорт Георги Тодоров. Министрите за надворешни работи Светлан Стоев, за внатрешни работи Бојко Рашков и за одбрана Георги Панајотов ги задржуваат своите места, а преоден премиер останува Стефан Јанев.
Претседателот Румен Радев е првиот претседател во поновата политичка историја на Бугарија што го започна и го заврши својот мандат со привремена влада. Првата беше формирана во почетокот на 2017 година, а негов премиер беше адвокатот проф. Огнијан Герџиков.
Радев ја пофали првата техничка влада на Стефан Јанев, велејќи дека таа многу добро се справила со својата задача. Во овој период, според Радев, владата одржала фер избори и драстично го намалила бројот на купените гласови.
– Во Бугарија првпат се одржаа избори со масовно машинско гласање. Владата на „Јанев 1“ го откри тешкото наследство на ГЕРБ, олигархискиот модел на влада, како и незаконитоста во големите инфраструктурни промени, а расветли и запре многу корупциски шеми, рече бугарскиот претседател при примопредавањето.
Новиот бугарски привремен премиер Стефан Јанев изрази надеж дека гласачите ќе бидат мобилизирани бидејќи на земјата и треба влада со парламентарна поддршка. Првата задача на премиерот на Бугарија е фер избори на 14 ноември. Следните месеци, според Јанев, нема да бидат лесни за Бугарија. Тој смета дека Бугарија не може да биде во трајна политичка криза и и треба влада која ќе има поддршка од Националното собрание.
Јанев истакна дека во Бугарија е постигнат економски раст и ниска невработеност за време на владеењето на неговата прва техничка влада. Новата техничка влада на Бугарија денеска ќе го одржи првиот состанок.
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР

