Арсовска: Преку квалитетно менаџирање на непродуктивните трошоци јавните претпријатија ќе бидат самоодржливи
Со добро и квалитетно менаџирање и кратење на непродуктивните трошоци ќе ги направиме јавните претпријатија што се под надлежност на градот да бидат самоодржливи, најави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.
Во гостување на Централниот дневник на телевизијата Сител, Арсовска посочи дека има во план во делот на јавните набавки да ги скрати непродуктивните трошоци кај јавните претпријатија, каде што договорите се склучуваат по цени повисоки од пазарите.
– Ниту едно од јавните претпријатија не смее да се дозволи да не биде одржливо. Тоа значи дека ние не смееме сите оние јавни претпријатија коишто ги прибираат давачките и даноците и сето она коешто е важно во овој момент, а тоа е да даваат додадена вредност на скопјани за услугите коишто треба да им бидат испорачани, а да бидат загубари. Тоа покажува дека до сега, тие не биле добро менаџирани и затоа се загубари. Сите знаеме дека не може нешто да постои во континуитет доколку Градот Скопје, постојано, како и во овој момент, со над 12,5 милиони евра да дотираат во неговиот буџет, за да тоа опстојува, додава таа.
Според Арсовска, граѓаните се сведоци на непродуктивните трошења во Град Скопје, а при тоа платите не се зголемени воопшто.
– Платите на луѓето треба да им се зголемат, меѓутоа непродуктивните трошења се таму каде што прават јавни набавки со значително повисоки цени од оние коишто се пазарни, додава Арсовска.
Таа го обвини актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов за склучување неколку договори во екот на изборната кампања, меѓу кои и договор за чистење снег.
Ново на Сител
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман