„Купени со пари и позиции“ - Трифонов потврди дека го напуштиле седум пратеници од неговата партија

Лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов на Фејсбук напиша дека добил информација дека седум пратеници од неговата партија ќе ја напуштат неговата пратеничка група.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Трифонов, тие ќе ги поддржат копретседавачите на владејачката партија „Промените продолжуваат“ Кирил Петков и Асен Василев.
Според Трифонов, најверојатно биле купени со пари и позиции.
„Ќе се види кој што ќе стане“, напиша Трифонов на својот профил на Фејсбук.
Пратеникот од владејачката партија „Промените продолжуваат“ Атанас Михнев претходно најави дека нашле дел од потребниот број пратеници за да обезбедат мнозинство во Народното собрание на Бугарија.
Тој беше дециден дека не се пазарат за пратеници, туку се пазарат само за да ја продолжат борбата против корупцијата, за храброст против мафијата.
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, за владејачкото мнозинство да ја задржи власта во Народното собрание на Бугарија, треба да се обезбедат вкупно 12 гласа.
Ново на Сител
-

Обвинение за 21-годишник од Свети Николе, ја тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
