Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод
Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, известува Регионалниот центар за управување со кризи Охрид.
Пожарот што избувнал на 30 октомври во 13 часот во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен. Во гасењето на пожарот вчера интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“.
Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но сè уште е далеку од населеното место.
Пожарот што избувна на 30 октомври во 10 часот во атар на село Ореовец, во место викано Присој во Македонски Брод, исто така, сè уште е активен и е префрлен во атарот на селото Русјаци.
-Со пожарот се зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот интервенирале четири лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и четворица пожарникари со едно противпожарно возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Во гасењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР, се наведува во известувањето.
Поради оддалеченоста за полнење со вода на противпожарното ведро на хеликоптерот, соопштува РЦУК Охрид, во текот на денот се излезе на терен за да се избере локација за поставување монтажен базен од кој хеликоптерот ќе може да полни вода односно место соодветно за ниско слетување.
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека