Самостојниот синдикат на здравство најави протест пред Министерството за здравство
Советот на самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита најави протест пред Министерството за здравство во четврток, поради, како што информираа, сѐ уште непотпишаниот анекс на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените.
Како што соопштија на денешната прес-конференција во Сојузот на синдикатите на Македонија, во анексот се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството со различни износи, што, според Советот, би значело одредено позитивно придвижување.
- До овој момент, и покрај нашите отстапки и со тие одредени пониски износи на бруто корекција на коефициентите, кои во овој момент се пониски од она што би значело бруто корекција на минималната плата од 3.317 денари, сѐ уште го немаме ниту потпишано анексот на Колективниот договор, ниту пак имаме одредено сознание кога тоа ќе се случи, изјави претседателот Љубиша Каранфиловски.
Според нив, се работи за корекција која во овој момент не соодветствува на она што се случило од двете последни покачувања на платата и доколку до среда не им се презентира она што според нивни сознанија го договориле Министерството за здравство и Фондот за здравство, во четврток ќе излезат на протест.
- Очекуваме најдоцна до среда да ни се презентира што договориле, доколку тоа не се случи, во четврток во 11:55 ги повикуваме сите членови во Синдикатот и сите вработени во здравството, кои нема да бидат вклучени во работниот процес на тој ден, да бидат присутни на протестот, за да го искажеме нашето незадоволство за несериозниот пристап кон сериозно прашање, рече Каранфиловски.
Во врска со прашањето за изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека нема да има пари за здравството, Каранфиловски рече дека токму поради тоа била одлуката за протест и дека после протестот, доколку немаат позитивни сигнали, како што најави, „ќе применат и други мерки на радикалности“.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
