Австрискиот МНР им предложи на Бугарија и Романија условен „воздухопловен Шенген“

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер го омекна својот став за прашањето за прием на Романија и Бугарија во Шенген зоната, велејќи дека ќе се согласи на отстранување на бариерите за воздушниот сообраќај, но под одредени услови.
Австрија претходно ги блокираше двете земји да се приклучат на Шенгенскиот договор, а со новиот предлог треба да се укине пасошката контрола за патниците кои патуваат меѓу романските и бугарските аеродроми во Шенген зоната.
– Бугарија и Романија ќе мора да исполнат некои услови за да влезат во „воздушниот шенген“, рече Карнер, нагласувајќи дека е неопходно да се подобри заштитата на надворешните граници на ЕУ.
Некои од неговите барања се тројно да се зголеми бројот на припадниците на граничните полиции на тие две земји и да се подобри техничката опрема, особено на бугарско-турската и романско-српската граница.
Карнер исто така бара Бугарија и Романија да ги прифатат барателите на азил, особено од Авганистан и Сирија, кои дошле во Австрија преку нивните територии.
Како што пренесуваат агенциите, контролите на копнената граница би останале во сила, но тие се најголемиот проблем за патниците и транспортните компании поради долгото време на чекање.
Се наведува дека треба да се зајакне и граничната контрола меѓу Бугарија и Романија и меѓу Романија и Унгарија.
Австрискиот министер рече дека се уште е против полноправното членство на двете земји во Шенген зоната поради илегалната имиграција.
Романскиот премиер Марсел Чолаку ја поздрави иницијативата, велејќи дека „мразот е скршен“, додека бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека условите поставени од австрискиот министер се „неприфатливи за Бугарија“.
За ова прашање Карнер ќе разговара со колегите од Романија и Бугарија на „Салцбург форумот“, што почнува денеска во Словенија.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: ДДВ за горивата се намалува на 10%, граѓаните заштедуваат 1,5 милиони евра неделно
-

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
-

Без вода дел од Центар и Пржино
-

Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП
-

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк
