Лефков: Ние сме единствена држава во светот што сама на себе си ги укина пасошите
Ниту една држава во светот не може да ни ја прекине важноста на пасошите бидејќи такво е меѓународното право, вели за Детектор пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Според него, со донесениот закон по промената на името Македонија стана единствена држава во светот која сама на себе си ги укина пасошите.
„Немојте да ги замајувајте граѓаните. Нашите гранични служби ги враќаат граѓаните. Затоа што, во меѓународното право, единствен кој што може да прекине важност на одредена исправа е самиот издавач на исправата. Ниту една држава не може да ја прекине важноста,тоа што замајуваат од СДСМ кога велат, ние не сме сигурни дали ќе ги враќаат или нема да ги враќаат. Сега, ние сме единствена држава која сама на себе си укинува патни исправи, односно сама на себе предизвикува да се кршат основните човекови слободи и права на граѓаните“ – рече Лефков за Детектор.
Ново на Сител
-
Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
-
Муцунски со бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“