Македонија
17. April 2024 - 12:57

Тешко повреден 53-годишен пешак на патот Кичево-Охрид

На 16.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај с.Другово, кичевско, патничко возило „бмв х6“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Л.(53) од с.Ливада, струшко, удрило во пешакот С.Д.(53) од с.Другово, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.