Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи
Преговорите со коалициските партнери за идната Влада се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата, порача на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во одговор на новинарско прашање.
Тој напомена дека преговарачкиот процес се базира на принципи - на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и потребата од одредени реформи за забрзан економски разво.
Стоилковски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори, при што, како што рече, истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.
Тој посочи дека во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.
-Преговорите можам да кажам дека ќе продожат и во следните денови, заклучи Стоилковски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера од Струга порача дека новата влада ќе промовира и застапува единство и обединување на креативниот и прогресивен потенцијал. Неговата цел, нагласи дека е надминување на сите поделби, победа на омразата и апсолутна и неселективна одговорност.
Ново на Сител
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“
-
Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани
-
Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување
-
Јаневска: Обезбедена психолошка поддршка за учениците
-
Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни