Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
Општина Штип годинава испорача близу 18 000 решенија до граѓаните за напалата на данок на имот. Предвидено е да се наплатат 54 милиони денари и тоа само за тековната 2024-та година. За првите 4 месеци наплатени се 30 % од овие средства или 16 милиони денари.
- Крајниот рок за плаќање на овие решенија е 15-ти ноември и сега ќе бидат изготвени и опомените за претходните години, за оние кои ги немаат платено и ќе бидат пратени до обврзниците. Мора да потенираме дека даночните обврзници се подобруваат секоја година и последните две до три години наплатата постојано се зголемува, изјави Драган Каров, раководител на одделение за администрирање на приходи-ЛС-Штип
Минатата година доставени се околу 5000 опомени. Годинава се прибираат средства по основ данок на имот и од граѓаните кои не го платиле изминатите 5 години.
-Поради неколку контроли од Државниот завод за ревизија, ќе мора општината да почне да пресметува и камати, а веќе 2 години тече и присилна наплата за оние кои не си ги платиле своите обврски, додаде Каров
Од тековните решенија и заостанатите долгови, лани локалната самоуправА прибра 107% или 7 % повеќе од планираното. Парите од данокот на имот се вложуваат за реализација на капитални инфраструктутни проекти на општината.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар