Бизнис
25. јуни 2024 - 16:44

Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари

Алказар Енерџи ќе го гради најголемиот ветерен парк во земјава. Помеѓу Штип, Радивиш и Карбинци кон крајот на следната година почнуваат со изградба на 55 ветерници, чиј капацитет се проценува на 400 мегават часови годишно, количина доволна за снабдување на 100 илјади домаќинства со електрична енергија.

Вкупната инвестицијата се проценува на 500 милиони долари, ќе донесе 630 нови работни места, а првите количини струја ќе бидат произведени во  2027-та година.Ова е прва инвестиција на новата Влада, која  треба да ја намали енергетската зависност, вели премиерот Мицкоски.

- Со оваа инвестиција започнува да се остварува владината политика за креирање енергетска независност за Македонија. Со различни инвестиции во областа на енергетиката ќе успееме Македонија да произведува струја за потребите на своите граѓани, а сето тоа што ќе се произведе плус, поради доброто мрежно поврзување, може да се продава на нашите соседи. Паркот на ветерници во југоисточна Македонија ќе го зголеми за пет пати потенцијалот на Македонија во делот на обновливи извори на енергија. Реонот каде треба да се гради паркот на ветерници се наоѓа помеѓу три општини, Карбинци, Радовиш и Штип каде потенцијалот за ваков тип инвестиција е голем, изјави Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски.

Првиот човек на Алказар вели дека парите за инвестирање на проектот веќе се обезбедени од банки и инвестициски фондови. Ќе градат на државно земјиште, за кое ќе плаќаат закуп, но сумата која ќе ја плаќаат - не ја откри. Иако идејата за изградба на ветрен парк е стара уште од 2008-та година, а требаше да ја резализира бизнисменот Стефан Пулејкоски, чија фирми Инвал сега е во сопсвтеност на Алказар, Калдерон вели дека чекале поволен момент за дури сега да се реазлизира проектот

Инаку Алказар енерџи е независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници од Дубаи. Инвестираат во обновливи извори на енергија во пазарите во развој, и до сега присутни се во Црна Гора, Јордан, Турција и Египет.