Македонија
4. August 2024 - 16:44

Курти утре во Скопје на средба со Мицкоски

Косовскиот премиер Албин Курти утре доаѓа во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Посетата на Курти доаѓа само неколку дека по инцидентот на претседателката Војса Османи на скопскиот аеродром кога таа одби да ги помине безбедносните проверки.

Засега не се споделуваат информации со кој се Курти ќе се сретне , но извесно е дека во фокусот на сите разговори ќе бидат и барањата на косовските институции да се реши неоадамнешниот инцидент.

Според најавите на средбата во влада ќе присуствуваат и членови на министрите на каолицијата „Вреди“. Во косовската делегација која ќе го придружува Курти за време на престојот во Скопје ќе биде и вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала, која со протесно писмо до македонското МНР бараше разрешување на настанот и обвинуваше за несовесно однесување.

Засега нема најави дали ќе присуствува и вицепремиерот и министер за односи меѓу заедници, Иван Стоилковиќ.