Loading Video...
Свет
19. August 2024 - 16:43

Преглед на вестите од светот

Посетата на американскиот државен секретар Блинкен на Израел последна шанса за примирје меѓу Израел и Газа. Во посетата на Тел Авив рече дека ова е можеби последна шанса за примирје и поставување на пат кој води кон мир и безбедност.

- Овде сум како дел од интензивните дипломатски напори по инструкции на претседателот Бајден за да се обидам овој договор да се доведе до линијата и на крајот над линијата. Време е тоа да се заврши. Исто така, време е да се осигураме дека никој не презема никакви чекори што би можеле да го попречат овој процес. И така, ние работиме да се осигураме дека нема ескалација, дека нема провокации, дека нема дејствија што на кој било начин би можеле да не оддалечат од надминување на овој договор или за таа работа ескалација на конфликтот на други места и на поголем интензитет, вели Блинкен.

Во меѓувреме, Техеран се закани дека ќе се одмазди за убиството на шефот на милитантното крилот на ХАМАС во Иран. 

Според Иран, сега на ред се САД и Израел да покажат дали навистина сакаат мир.

- Топката е кај САД и зионистичкиот режим. Американската влада мора да покаже дали овие преговори се политички маневр за исполнување на политички цели и да му се купи време не зионистичкиот режим за да продолжи да убива Палестинци или навистина е во насека на постигнување на примирје, вели портпаролот на иранското министерство за одбрана, Насер Кинани.

И додека се чекаат преговори за примирје, тензиите не престануваат. Неколку лица се повредени во меѓуграничка пукотница помеѓу Израел и Либан. Израелската армија соопшти дека неколку луѓе се обиделе да навлезат во нивната држава. Тензиите меѓу двете држави се зголемија откако Хезболах изврши ракетен напад во кој загинаа 12 луѓе. 

Хамас, пак, продолжува со терористички напади на цели во израелскиот главен град. 43-годишен маж е повреден при експлозија.  Израел нападот го прогласи за терористички, Хамас најави дека ќе продолжат операциите во срцето на Израел се додека не престане, како што велат, окупаторскиот масакр во Газа.

Почнува Конвенцијата на демократите во Чикаго на која се очекува Камала Харис да добие поддршка за номинација за кандидатка за идна претседателка на САД.

Конвенцијата ќе трае до 22 август. Над 5.000 делегати, партиски функционери и гости се очекуваат на националната конвенција. Се очекуваат и околу 50.000 посетители. Трационално, националните конвенции се дел од изборниот процес во САД. Претходно, минатиот месец на ист начин Републиканците му дадоа поддршка на Доналд Трамп. 

По номинацијата се очекува Харис во говорот да ја исцрта трасата по која ќе се движи во трката против Трамп.

Десетици илјади Руси се евакуираат од регионот Курск каде навлезе украинската армија. Во 24 руски региони направени се 174 објекти за привремено живеалиште на бегалците. Досега сместени се 10.000 бегалци. 

Украина навлезе во Русија и зазеде повеќе од 80 населени места во најголемата инвазија врз Русија од Втората светска војна.

Во меѓувреме, Украина уништи уште еден стратешки мост во Курск со цел да го ослабне капацитетот за логистичка помош на руските трупи кои се уште се наоѓаат во регионот. 

Инвазијата врз Курск почна на 6 август кога над 1.000 трупи потпомогнати од тенкови и оклопни возила навлегоа на руска територија.