Loading Video...
Свет
2. November 2024 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Три дена пред изборите Харис и Трамп влегуваат во битка за гласачите во Северна Каролина. Двајцата кандидати вечерва се во една од клучните сојузни држави за конечниот исход од најнеизвесната претседателска трка досега. 

Трамп и Харис вчеравечер им се обратија на своите поддржувачи во Висконсин

„Ако ја добиеме оваа држава, ја добиваме целата работа. Мора да станете и да и кажете на Камала, дека ви е доста, дека повеќе не можете да издржите, таа е најлошиот потпретседател во историјата на нашата земја.

 И се сеќавате, пред само пет месеци сите велеа дека е крајно неспособна. Таа беше најлошиот потпретседател во историјата. Нема повеќе да го поднесуваме. Камала, отпуштен си, тргни по ѓаволите одовде“, рече Трамп

Не се враќаме назад. Ние не сме. Затоа што исто како што ни кажува мотото на Висконсин, ние ќе одиме напред“. „И ви ветувам, ако ми дадете шанса да се борам во ваше име, нема ништо што ќе ми застане на патот додека се борам за Вас“, рече Харис

Сите анкети покажуваат дека Харис и Трамп водат „мртва“ трка пред изборите кои ќе се одржат во вторник. Со 44% наспроти 43% проценти, Харис го намали водството пред Трамп покажува последната анкета на Ројтерс. 

Бројот на жртви во поплавите во Валенсија се искачи на 211, но голем е бројот и на оние кои се уште се водат за исчезнати. Најпогодените области денеска ќе бидат засилени со уште 5000 војници. 

Ситуацијата во која живееме е трагична. Тоа е драматично. Речиси сигурно зборуваме за најсериозните поплави што ги видел нашиот континент досега овој век. И свесен сум дека одговорот што се дава не е доволен. Јас го знам тоа. Знам дека има сериозни проблеми и недостиг, дека се уште има пропаднати служби, општини затрупани во кал. Очајни луѓе кои ги бараат своите роднини. Луѓе кои не можат да пристапат до своите домови. Домови уништени и затрупани од кал. Знам дека треба да направиме подобро“, вели Педро Санчез, премиер на Шпанија.

Голем број волонтери помагаат во расчистување на најпогодените области, додека илјадници домаќинства се уште се отсечени.