Пожарите кои беснееја го загадија воздухот
Пожарите кои беснееја го загадија воздухот во охридскиот регион.Неповратно изгоре огромна површина дрвна маса а според екологистите деградиран е животинскиот и растителниот свет .Шумските пожари шират многу опасни материи штетни по здравјето на луѓето така што ваквата состојба ќе предизвика економски,еколошки и здравствени последици.
Пожарите во Охридско според еколозите се голема природна катастрофа кои ќе имаат далекусежни штетни последици .
Охридското езеро сaмо по себе нема некоe влијание брз прочистувањетo на воздухот туку тоа се ветровите кои дуваат и евентуално можат чадот да го пренасочат во друг правец.
Според добрите познавачи штетите од пожарите допрва ќе се утврдуваат ,а за да се обнови она што е пеплосано и уништено потребeн е долг временски период.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар