Бизнис
25. August 2024 - 16:39

Милијарда и пол штета на шумскиот фонд

Пожарите предизвикале штета од околу 1,5 милијарди денари само на шумскиот фонд.

Околу 1 милијарда и 500 милиони денари е штетата на шумскиот фонд во државата што ја предизвикаа пожарите ова лето. Ова се првичните проценки на Национални шуми направени заклучно со јули. Од таму велат бројката не е финална и сигурно ќе биде поголема бидејќи допрва ќе се прават пресметки и анализа за август. Имајќи во предвид дека ова се податоци само за опожарената дрвна маса, а не за целокупните штети од пожарите, конечната сума  ќе биде многу поголема.

Раководството на Национални шуми уверува дека нема да дозволат опожарената дрвна маса да биде целосно обезвреднета. Заменик генералниот директор на претпријатието Кире Михаилов, најавува промена на годишните планови со цел квалитетно дрво да влезе во планираното производство и да биде пуштено во продажба по реални цени.  На тој тој начин вели ќе можело да се покријат дел од загубите.

Досегашните анализи покажуваат дека летово со пожарите биле зафатени околу 60 илјади хектари шума со различен квалитет.