Законските измени за покачување на пензиите поминаа на Влада
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со што ќе се овозможи зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, ја помина владината процедура и наскоро ќе биде пред пратениците во Собранието.
-Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади кое ги предложи законските измени.
Министерството посочува дека целта на предложените измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел