Бизнис
16. September 2024 - 16:48

Есенската кошница ќе се носи следната недела

Прво да се усогласат ставовите на производителите и трговците – потоа ќе се носи есенската кошница. Не утре, туку најверојатно следната недела ќе се одлучува на 100 производи да им се замрзнат цените или да им се ограничи маржата. Целта, според премиерот Мицксоски не е на сила да носат закони, но не го оправдува ни непристојното богатење на грбот на граѓаните . 

– Има за жал поединци кои ја злоупотребуваат оваа позиција и мора да интеревнираме. Онаму каде што пазарната економија функционира е добро и не реагирамe, но таму каде што некој непристојно се богати на грбот на граѓаните, каде што има монопол, дуопол или триопол, ние ќе реагираме. Кога ќе ги видите увозните цени, кога ќе видите како е поделен пазарот, гледате дека мора да интервенираме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

За две недели треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики, каде рабатот ќе се ограничи на 10% на над 2,600 производи. Дали ќе се пролонгира примената – Мицкоски побарал официјален став од Комората.

- Јас утринава побарав официјален став од Стопанската комора што да прваиме. Затоа што прозиводителите едно кажуваат, трговците друго. Добиваме различни писма. Сега ќе видиме дали да останеме за примена на законот или да го одложиме, додава Мицкоски.

Законот за нефер трговски практики се донесе крајот на март. Трговците имаа 6 месеци да се прилагодат и да склучат нови договори со производителите и добавувачите, со кои , покрај органичен рабат, трговците веќе нема да смеат да им наплатуваат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истекување одреден производ на полица.