Бизнис
13. September 2024 - 21:14

Следната недела ќе се знае дали ќе има замрзнување на цените или намалување на маржата на производите

Колку ќе се намалат цените на основните прехрамбени и земјоделски производи ќе се знае со стартот на следната недела. Работната група веќе во понеделник треба да соопшти каква мерка ќе се донесе, дали ќе се замрзнат цените на одредено ниво или ќе се намали маржата. И граѓаните  ја чекаат владината одлука. Секоја најава за намалување на цените велат е добредојдена, оти животот е скап.

За Сојузот на стопански комори, владините најави биле збунувачки.

Одлуката ќе се најде веќе пред владиниот кабинет на седницата во вторник.

Со есенската потрошувачка кошница треба да поевтинат над 100 производи, како пекарски и млечни производи, некои видови месо, овошје и зеленчук.

Владата веќе најави по ваквиот пример со есенската кожничка, ќе следуваат и други мерки за намалување на цените. Дополнително, од 28 септември ќе почне примената и на законот за нефер трговски практики, кој треба да донесе дополнително намалување за најмалку 20%.