Голема Богородица - заштитничка на рударите
Денот на радарите, 28-ми август ,одбележан во малите урбани општини на истокот М. Каменица и Пробиштип каде рударството е примарна дејност. Рудникот „Саса“ со мали прекини работи веќе 6 децении. По низата несреќни случаи, последните неколку години се вложуваат средства за зголемување на безбедноста на рударите, а се зајакнати и контролите од институциите.
-Безбедноста е највисоко можно ниво, тоа го потврдуваат и истражните служби кои работат на терен, инспекторати и животна средина, изјави Димчо Атанасовски, градоначалник на М. Каменица
Работата во оваа индустриска гранка е една од подобро платените во земјата, меѓутоа е многу тешка и не е интересна за младите луѓе, велат анкетираните рудари.
-Во рудник е многу тешко да се работи, физички се преоптеретен, секој не може да биде рудар, треба да се има дарба. Младите луѓе многу тешко се вработуваат, бегаат сите, бараат егзистенција во подобра работа. Не сакаат да работат во рудник.
-Тие бараат полесна работа, одат повеќето во странство. Овде во Македонска Каменица млад народ нема, сите побегнаа, анкета рудари
Во моментот најголем дел од работоспособното население во Македонска Каменица е работно ангажирано во рудникот „Саса“.
-Кај нас населението 80% е директно вклучено за работа во рудникот и рудникот за М. Каменица значи многу, додаде Атанасовски
По повод празникот „Успение на пресвета Богородица“, од локалниот буџет на општина Пробиштип се издвоија 2,5 милиони денари за исплата на по 20 000 денари еднократна парична помош за 126 лица со попреченост.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар