Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
Враќањето на довербата во институциите, пред се во правосудството, е тежок и долготраен процес, а без политичка воља нема реформи во судството. Постојано е изложено на критики од надвор, но не постои конструктивност, која ќе донесе нови идеи и предлози и затоа имаме реформи само на хартија, смета судиката Мирјана Лазарова Трајковска.
- Треба вклученост на извршната власт, вклученост на легислаторот, Парламентот, секако и на самите судии. Идеите и потикнувањата треба да доаѓаат од судството, меѓутоа, нивната реализација е поврзана со извршната власт и Паралментот. Би сакала да доживеам, да видам во мојата земја некој Министер за правда, Премиер, кој што ќе даде поттик, енергија и финанансиска независност на судството, тоа може да биде почеток на реформите, изјави Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Врховен суд
Често пати државата се наоѓа во незавидна положба, заради пресудите на европските судови, поради неправично судење на домашните судии, појава која ќе мора во блиска иднина да се искорени.
- Пред се, треба да се работи во образованието, треба да се започне со правните факултети и да им се приближи Конвенцијата, стандардите, принципите на владеење на правото на студентите уште од првите нивни контакти со правната материја, додаде Лазарова Трајковска
Европската конвенција за човекови права е жива материја која постојано се менува и ги следи промените во едно општество. Затоа е потребно вложување на големи напори и средства и во образованието и во судството и во новинарството, како коректор и чувар на демократските процеси.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар