Македонија
22. September 2024 - 16:44

Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна

Инспекторите со засилени вонредни контроли ,деновиве на тапет се најдоа и двата крајезерски града Охрид и Струга. Се чешлаа ќебапчилници,месари,ресторани и слаткарници.

Во Струга казнет е маркет со 1400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казнета е и месарница со 500 евра. Во Охрид пак, со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна .

Утврдени се недоследности во однос на хигиената, ставањето во промет небезбедни производи, и непоседување на санитарни книшки за вработените. Но сепак според добрите познавачи иако има неквалитени производи на пазарот сепак македонските граѓани јадат здрава храна.

Во првите шест месеци од годинава спроведени биле  24 335 инспекциски контроли изречени вкупно 2433 инспекциски мерки и уништени 37,6 тони и 13 654 литри небезбедна храна.