Македонија
19. November 2024 - 16:37

Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството

Во декември сите вработени во здравство ќе добијат повисоки плати. Најголемо зголемување има за медицинските сестри со средно стручно. Тие во декември на сметките ќе добијат плус 3.850 денари. А сите останати вработени во здравство, на трансакциските сметки ќе им легнат плус 2.450 денари. 

За следната година во март, согласно овој анекс на договорот, премиерот најави зголемување на платите во здеравството за дополнителни 5%.

„Следната година 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа. Истото тоа зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса ќе биде и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година“, изјави Христијан Мицкоски, премиер.

Според најавите на премиерот, за четири години, платите на вработените во здравството ќе се зголемат од 40 до 50 проценти.