Зеленски е подготвен на размена на заробените севернокорејски војници за украински

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг Ун, доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија.
„Покрај првите заробени војници од Северна Кореја, сигурно ќе ги има повеќе. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат и други“, напиша Зеленски на X.
Зеленски во саботата соопшти дека Украина заробила двајца севернокорејски војници во рускиот регион Курск.
Според украинските и западните проценки, околу 11,000 војници од Северна Кореја се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантираше нивното присуство.
Зеленски наведува дека руските и севернокорејските сили претрпеле големи загуби.
„Украина е подготвена да му ги предаде војниците на Ким Џонг Ун доколку тој може да организира нивна размена со нашите воини заробени во Русија“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека може да има други опции за севернокорејските војници кои не сакаат да се вратат дома „и дека на оние кои изразуваат желба да го доближат мирот со ширење на вистината за оваа војна на корејски јазик ќе им биде дадена таа опција“.
Ново на Сител
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
