Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
Тетово не може да биде заложник на минатото со улици кои носат имиња на комунистички хеори, вели Касами објаснувајќи ја потребата од менувањето на називите на тетовските улици. Иако првично најави дека ќе се именуваат улици кои биле обележани само со број и создавале конфузија, сега вели дека ќе има и преименувања.
Според Касами неосновани биле реакциите бидејќи тој самиот немало да одлучува, туку била формирана комисија која ќе ја води целата постапка.
-Ние не можеме да бидеме заложници на едно време. Македонија до деведесеттите години беше под Југославија и беше нели комунистички систем, монистички систем каде имаше други херои кои ги славевме. Сега сме во демократска држава, а сега имаме нов концепт со кој ги создаваме институциите и ја градиме државата. Тоа е европски демократски концепт и согласно тоа, тоа сигурно ќе рефлектира и во имињата на улиците во градот Тетово. Тоа не е против никоја етничка група во градот, а тоа е во интерес на сите етнички групи, но мора да рефлектира реалноста, сегашноста и тоа што ние сакаме да градиме во иднина, истакна Касами.
Сојузот на борци од Тетово реагира дека ваквите неразумните идеи на градоначалникот се косат со законот за определување имиња. Остро се спротиставија на неговиот став дека завршило времето на комунизмот и треба да се прилагодуваат кон нова реалност и побараа сите политички и граѓански субјекти да се спротивстават на овој процес.
Неговите изјави дека времето на комунизмот завршило тој само целокупното негово поведение ги става во колизија со законот за определување на имиња кој вели се што е спротивно на обичаите, јавниот морал и темелот на државноста е спротивно на тој закон. Почива врз асномски темел, изјави Даријан Сотировски - претседателство на Сојуз на борци од Тетово.
Премиерот дециден, еднострани одлуки на тетовскиот градоначалник нема да добијат амин од Владата.
Касами не беше прецизен кои од улиците според него се со спорни имиња но вели се работи за околу 300 кои ќе се најдат на списокот за преименување. Тој вели дека се ќе биде согласно закон, иако партиите кои имаат свои советници во општината веќе најавија дека нема да гласаат за вакви промени. Меѓу спорните за Касами, ни беа посочени и улиците кои се со назив „ 29ноември“, Партизанска, улица Његошева, Истра, Корушка, Бихакќа.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар