УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ја заппочна програмата „Иницијатива за идни научници“, преку која на средношколците матуранти ќе им овозможи бесплатни часови по математика, физика, хемија и биологија, за да постигнат подобри резултати на државната матура, но и да им го зголемат интересот за природните науки. Наставата ќе се одвива на Унивезитетот, а ќе ја спроведат универзитетски и професори од средните училишта. –
- Целта ни е да се доближиме до идните студенти, односно да ги мотивираме да ги изучуваат природните науки и да им помогнеме преку една подготвителна настава да имат подобри резултати на престојната државна матура. Тоа е активност која целосно е финансирана од страна на универзитетот, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД - Штип
Доколку матурантите покажат поголем интерес, ќе се направат напори ваква подготвителна настава да има и за предметие по македонски и странски јазици. Високите оценки на државната матура за студентите, значат поголема можност за запишување на програмите за кои се одлучиле.
- Дефинитивно, високите отценки преставуват поголема можност за запишување, пред се да влезат во државната квота, односно целосно да бидат финансирани од државата и со сигурност ќе им го олесни идното студирање. Ние сме должни да им помогнеме на студентите независно дали ќе останат овде или ќе студираат на друго место, иако сметаат доколку им ги покажеме условите и можностите коишто им ги нудиме и имаме, ќе не земат како една од опциите за нивно идно студирање, додаде Мираковски
Според статистиката на МОН, секоја година се бележи благ пад на просечната оценка на државната матура. Минатата година средната оценка беше 3,25, а за поголема контрола при полагањето, беа организирани во холовите и спортските училишни сали.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар