Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
Тепачки и димни бомби во српскиот парламент. Редовната седница се претвори во тотален хаос, летаа шишиња, се удираа тупаници а една од пратеничките на владејачкото мнозинство доживеа и мозочен удар. Се работи за Јасмина Каранац која била погодена со димна бомба при што и се слошило и паднала на земја.
Состојбата и е критична јавија српските медиуми. Претседателот Александар Вучиќ објави фотографија од посетата на пратеничката која е поставена на апарати.Потешко повредени се уште две пратенички меѓу кои една бремена жена.
Ситуацијата во Собранието ескалираше од самиот почеток на седницата при утврдување на дневниот ред. Без претходна расправија, опозицијата однапред испланирано внесе факели во салата. Опозициските пратеници во обид да стигнат до претседателката на парламентот Ана Брнабиќ се спротиставија на обезбедувањето а потоа удрија и по колегите од власта.
Извадија транспаренти на кои пишува Србија се крева, за режимот да падне и продолжија со нереди во салата.
Опозицијата не сака да дозволи 60тина точки да поминат во парламентот. На оваа седница се оставката на премиерот Милош Вучевиќ и повеќе законски измени како оние за високото образование со кои треба да се намали партиципацијата за студентите за 50 отсто. Седницата продолжи со свирежи, но претседателката Брнабиќ и покрај сите инциденти порача дека нема да ја прекине.
Единствениот начин да се запре работата на владејачките пратеници кои работат за напредокот на Србија е „да ги убиеш“.
Немирите предизвикаа и протест пред парламентот на кој излегоа граѓани и студенти.
Пред зградата на Парламентот се распоредува полиција за разбивање на демонстрации. Овинителството отвори постапка за утврдување кој ги внел и фрлил димните бомби во парламентот.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар