Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата

Социјалната мрежа Икс, порано позната како Твитер, официјално го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија, но само на својата веб-верзија. Ова доведе до појава на невообичаени објави, бидејќи автоматски се прилагодуваа на содржината, пренесува „Скај њуз“.
Старите објави на врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи, одеднаш почнаа да го прикажуваат знамето на монархијата од периодот пред Исламската револуција, на кое се наоѓаат лав со меч и стилизирано сонце.
Истовремено, новите објави на промонархистичката опозиција, кои го користат ажурираното иранско знаме, на мобилната апликација сè уште се појавуваат со знамето на Исламската Република.
Платформата Икс е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск.
Протестите во Иран започнаа кон крајот на декември 2025 година поради девалвација на локалната валута, иранскиот ријал. Главниот фокус на протестите се острите флуктуации на девизниот курс и нивното влијание врз големопродажните и малопродажните цени. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки од демонстранти во Техеран и во други градови. Во овој контекст, шефот на Иранската централна банка, Мохамед Фарзин, поднесе оставка, а на негово место дојде Абдолнасер Хемати.
Во неколку ирански градови протестите прераснаа во судири со полицијата и се проследени со скандирања против актуелниот политички систем.
МИА
Ново на Сител
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
