Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија

Американскиот претседател уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да го задржат своето воено присуство во Германија“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц во Вашингтон по средбата со Доналд Трамп во Белата куќа, додавајќи дека ова е добра вест и дека не очекува ништо друго.
Со оглед на критичкиот став на Трамп кон Европа, во последните месеци се шпекулираше дека тој би можел да ги повлече американските трупи од Германија.
Мерц не разјасни дали Трамп ветил дека американскиот воен контингент ќе остане на сегашното ниво.
Германскиот канцелар истакна дека во разговор со својот американски колега во Белата куќа во пресрет на самитот на НАТО во Анкара во јули, разговарал за тоа како подобро да се организира заедничко воено одвраќање во иднина, без да ги открие деталите.
„Трамп призна дека германската Влада, исто така, презеде одредена лидерска улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО“, забележа Мерц, заклучувајќи дека САД ја почитуваат Германија и нејзините големи инвестиции во нејзината конвенционална војска.
МИА
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
